Дома Фудбал Зидан пред „Ел Класико“: Фудбалерите живеат за вакви натпревари

Зидан пред „Ел Класико“: Фудбалерите живеат за вакви натпревари

Tренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес им испрати порака на фудбалерите пред саботниот натпревар против Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Не сме нервозни. Мораме да размислуваме за тоа како да одиграме добар натпревар, а не за тоа дали имаме 11 или 25 бодови помалку. Мораме да одиграме добар натпревар против силен противник“, изјави Зидан.

Фудбалерите на Реал утре во рамките од 17 коло во Примера ја дочекуваат Барселона.

Пред „Ел Класико“ кралевите се наоѓаат на чевртата позиција со 11 бодови помалку од Барселона која е лидер во првенството.

„Ова без сомневање е најтешкиот натпревар во сезоната, бидејќи натпреварите помеѓу Реал Мадрид и Барселона секогаш се атрактивни, но и тешки. Нас тоа не инспирира, фудбалерите живеат за натпревари како овој“, истакна Зидан.

Кога во прашање Роналдо, Зидан потврди дека тој е 100% спремен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играч на Барселона бесен го напушти тренингот по срцепарателните зборови на Флик

Роналд Араухо не е единствениот кој би можел да ја напушти Барселона во наредните денови б…