Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше „бомбардиран“ со прашања за Герет Бејл и контроверзниот гест кој го направи фудбалерот на натпреварот со репрезентацијата.
Меѓутоа, Зидан се обиде да ја смири ситуацијата и изјави дека едноставно се кренала голема врева за тој гест.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Многу врева се крена за гестот на Бејл. Треба да се насочиме само на спортските аспекти, овде сум за да зборувам за фудбал. Доста е со тоа веќе. Јас ги гледам фудбалерите што прават на терен, а не надвор од него“, изјави Зидан.
„Нема да одговарам повеќе на прашања за Герет. Фановите кои навиваат за Реал треба да го поддржуваат. Зборував со него, тренираше добро и сигурно ќе сметам на него, бидејќи е важен играч за нашиот тим“, додаде Зизу.