Дома Фудбал Бејл го прогнозираше точниот резултат: Очекува Интер да биде понижен!

Бејл го прогнозираше точниот резултат: Очекува Интер да биде понижен!

Вечерва се игра финалето во Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат Интер и Манчестер Сити, според многумина фаворити се „граѓаните“.

Така смета и Герет Бејл кој очекува дебакл на Италијанците. Според Велшанецот, Манчестер Сити ќе слави со резултат 5:0.

„Ќе биде фијаско за Интер. Манчестер Сити победува 5:0“, изјави Бејл.

Ќе потсетиме, Бејл се пензионираше на 34 години, а Лигата на шампионите во кариерата ја освојуваше пет пати. Покрај Реал Мадрид играше уште за Тотенхем, Саутемптон и Лос Анџелес ФК каде што се пензионираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…