Дома Фудбал Останато Бејл му објасни на Меси што да очекува во МЛС лигата

Бејл му објасни на Меси што да очекува во МЛС лигата

Лионел Меси се одлучи кариерата да ја продолжи во МЛС лигата и тоа за многумина беше изненадување затоа што се очекуваше Аргентинецот да продолжи уште некоја сезона да игра на највисоко ниво.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со Меси, МЛС лигата добива ѕвезда каква што немала во својата историја и тоа сигурно ќе направи вистински „бум“, иако во минатото многу големи имиња играа во САД.

Во САД на крајот од кариерата се испроба и Герет Бејл кој го носеше дресот на Лос Анџелес ФК, а сега Велшанецот му кажа на Меси што може да очекува.

„Тука е многу поопуштено. Во Реал ако загубевме натпревар тоа е како крај на светот. Ве напаѓааат, ве критикуваат..Одиш дома не си среќен. Тешко се прифаќа поразот. Тука нема последици, не можете да испаднете, губите натпревар, само одите на следните“, изјави Бејл.

Според најавите Меси за тимот од Флорида треба да дебитира во јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заминува по 23 години: Перез емотивно се збогуваше со Карвахал!

На крајот на оваа сезона, капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (34), ќе го напушти клуб…