Дома Топ вести Започна „лецитацијата“ за Хари Кејн – Реал Мадрид и Сити фаворити

Започна „лецитацијата“ за Хари Кејн – Реал Мадрид и Сити фаворити

Манчестер Сити и Реал Мадрид се двата клува кои ова лето ќе се „тепаат“ за потписот на англискиот голгетер Хари Кејн, пренесуваат медиумите на Островот.

„Дејли Експрес“ пренесува дека Манчестер Јунајтед се откажал од Кејн бидејќи ќе се насочи кон Санчо, па „кралевите“ и „граѓаните“ ќе ја водат главната битка за потписот на голгетерот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот.

Пеп Гвардиола е во потрага по напаѓач кој ќе биде наследник на Кун Агуеро, додека „кралевите“ бараат нова ѕвезда во нападот и од поодамна се заинтересирани за Англичанецот.

Тотенхем најверојатно ќе биде приморан да го продаде Кејн ова лето, но за неговата слобода ќе бара најмалку 150 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…