Дома Останати Ракомет Дејан Периќ и официјално кај Милосављев во Фуксе Берлин

Дејан Периќ и официјално кај Милосављев во Фуксе Берлин

Германскиот Фуксе Берлин и официјално го претстави Дејан Периќ.

Пред два дена Вардар го потврди заминувањето на Периќ кој имаше огромни заслуги за успехот на црвено-црните.

Договорот на Периќ истекуваше, па Вардар како што соопшти спогодбено ја раскинале соработката откако Периќ добил одлични услови во германскиот тим.

Во Фуксе Берлин Периќ ќе соработува со Дејан Милосављев со кого соработуваше и во Скопје.

На табелата во гермнската Бундеслига овој тим се наоѓа на осмата позиција со седум одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Томовски блескаше за Битигхајм – запиша 16 одбрани против шампионот Магдебург

Мартин Томовски имаше одлична голманска партија, но не успеа да го спречи поразот на Битиг…