Дома Македонски спорт Дејан Недев со злато се врати од Виена

Дејан Недев со злато се врати од Виена

Дејан Недев се закити со златен медал на Европскиот Фудокан куп „Дунав 2017“, кој викендов се одржа во Виена, Австрија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дејан Недев на Фудокан купот во Виена златото го освои во категоријата кати во сениорска конкуренција.

Македонската експедиција која настапи во Виена имаше успешни настапи во помладите категории: Иван Трпковски освоил три златни медали во категориите ката, кихон и кихон ипон кумите за деца до 10 години.

По еден бронзен медал освоија Ведран Андоновски, Димири Влахо и Гоце Гроздан во кати, во јиу ипон за деца од 12-14 години.

На Фудокан купот во Австрија учествувале 160 каратисти од 14 земји.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …