Италијанската фудбалска јавност е на нозе, откако медиумите ја потврдија веста дека Лионел Меси купува куќа во Милано.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на „РАИ“, таткото на Меси деновиве ќе пристигне во Милано за да купи куќа, а тоа ги подгреа шпекулациите за евентуален трансфер на Аргентинецот во Интер.
Сепак како што тврди „Скај Италија“, причината поради која тактко на Меси, Хорхе разгледувал куќи во Милано е евентуална преселба во градот на модата на Аргентинцеот, поради помалите даноци на богатите странци, закон кој во Италија е донесен во 2017 година.
Меси сака „административно“ да се пресели во Италија, за да плаќа помали даноци, олеснување кое е на сила за странските богаташи на Апенините.
Меси влезе во последната година од договорот со Барселона, веќе подолго време е желба на Интер, но тешко е да се очекува негов трансфер во Серија А.