Како што пренесовме денес, Арон Рамзи потпиша преддоговор со Јувентус и во следните денови треба да пристигне на прегледи во Торино.
Велшанецот ќе остане во Арсенал до крајот на сезоната, но „топџиите“ веќе се во потрага по негов наследник. Најголема желба на тренерот Емери е 29-годишниот Аргентинец Евер Банега.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Плејмејкерот на Севиља веќе се договорил со Арсенал каде ќе заработува 7 милиони фунти по сезона во следните три години, со опција за продолжување на уште една година.
Севиља не сака да се раздели со еден од најважните играчи, но Банега веќе донел одлука и го известил раководството да му дозволи трансфер на „Емирати“.
Познати сите деали: Прегледите закажани, Рамзи станува трет најплатен играч во Серија А! https://t.co/QVEQIszcHi
— Sportski.mk (@Sportski_mk) January 10, 2019