Дома Фудбал Артета ги „пречкрта“ петте ѕвезди поради проблем од 300 милиони евра

Артета ги „пречкрта“ петте ѕвезди поради проблем од 300 милиони евра

Арсенал нема друг избор освен да ги одобри профитабилните продажби наредното лето, а пет ѕвезди ќе треба да го променат клубот.

Неколку ѕвезди ја загубија важноста оваа сезона, а меѓу најголемите губитници се Мартин Одегард и Габриел Мартинели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Арсенал минатото лето потроши скоро 300 милиони евра на засилувања, и сега тоа им претставува одреден проблем.

Топџиите се многу близу да го „прескокнат“ Манчестер Јунајтед како водечки тим на Премиер лигата по нето потрошувачка во последните пет години.

Така, пет играчи се во опција за продажба, и секој од нив е отпишан од страна на Микел Артета, а останатата работа е на Андреа Берта.

Двајцата играчи кои претходно беа споменати се Одегард и Мартинели, а природно Топџиите сето тоа го прават за да ги израмнат трошоците во текот на летото.

Освен Одегард и Мартинели, нови клубови на крајот на сезоната ќе треба да пронајдат и Бен Вајт, Етан Нванери, и Мајлс Луис-Скели.

Сите во Арсенал веруваат дека можат да заработат доволно пари од овие пет играчи за да ги покријат трошоците од минатото лето.

Во најлош случај, Арсенал мора да продаде еден играч од првата постава, а во тек е внатрешна дискусија кој би донел најмногу пари за клубот.

Иако го „прекрши“ и Одегард, Артета наводно нема ништо против неговото останување, но во определена ротација бидејќи Езеа го гледа како првотимец.

Што се однесува до Мартинели и Вајт, импресивните форми на Тросард и Тимбер направија тие двајца да бидат споредни играчи.

Мартинели беше поврзуван со премин во Баерн од Минхен во текот на претходната година, додека Вајт беше мета на позајмица во Евертон во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прослава во Сан Себастијан: Навивачите на Реал Сосиедад на улиците ги пречекаа своите херои

Фудбалерите на Реал Сосиедад го прославија освојувањето на Купот на кралот во понеделникот…