Aктуелниот шампион во ПМФЛ, екипата на Струга Трим Лум се пофали со големо засилување во своите редови.
Струга ја чекаат и европските квалификации летово, па со цел за добар настап од денес нов член на клубот од покрај езерот е Стефан Јевтовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јеветовски пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со унгарски Ујпешт.
Станува збор за фудбалер кој зад себе има солидна интернационална кариера во која играше за Арсенал Киев, Вараждин и Локомотив Пловдив, додека во Македонија беше дел од Работнички и Металург.