Во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига фудбалерите на Струга Трим Лум загубија со 3:1 од екипата на Пјуник.
Стружани во Ерменија отпатуваа со предност од 2:1, до 96.минута имаа продолженија, но ги шокира голот на Коваленко со кој Пјуник славеше 3:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пјуник ја анулираше предноста на македонскиот првак од првиот дуел во Охрид уште по првото полувреме. Ерменскиот тим поведе со 1-0 со голот на Серж Дебле во 17.минута, а Михаил Коваленко во 45.минута ја удвои предноста на домаќинот.
Стружани во натпреварот ги врати ветеранот Ибраими, но во 96-та минута примија гол за елиминација.