Дома Фудбал Италија Газдата на Сампдорија поднесе оставка после скандалот

Газдата на Сампдорија поднесе оставка после скандалот

Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, ќе поднесе оставка од функцијата по финансискиот скандал поради кој заврши зад решетки.

„Со големо чудење дознавме дека мерката притвор против Масимо Фереро е спроведена денеска. Тоа беше барањето на државното обвинителство во врска со настани од пред многу години. За да ги заштити интересите на другите активности во кои работи, а особено за да избегне какви било шпекулации во врска со Сампдорија и светот на фудбалот, Фереро ќе си поднесе оставка“, соопшти Сампдорија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бизнисменот ја презема Сампдорија во 2014 година, но неодамна изјави дека бара инвеститори да го продаде клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…