Натпреварот одигран во рамките руската лига помеѓу Арсенал од Тула и Динамо Москва го обележа фудбалерот на домаќините, Абдул Тетех.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интернационалецот од Гана натпреварот го заврши уште во седмата минута откако го неспортски и тоа со отворен ѓон го удри Горан Чаушиќ во близина на „негодното место“. За среќа играчот од Србија избегна потешка повреда, па можеше да го продолжи натпреварот.
Тетех веднаш заработи црвен картон, а се очекува рускиот сојуз жестоко да го казни за ваквиот потег.