Дома Фудбал Симнат од врвот ветеранот Кержаков: Артем Џјуба нов рекордер на Русија

Симнат од врвот ветеранот Кержаков: Артем Џјуба нов рекордер на Русија

Репрезентацијата на Русија одигра пријателски натпревар со Гренада на кој искусниот напаѓач Артьом Џјуба постави нов рекорд за националниот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џјуба во 43-тата минута постигна гол за 3:0, што беше неговиот 31-ви гол во дресот на репрезентацијата.

Со тоа стана најдобриот стрелец во историјата, надминувајќи го рекордот на Александар Кержаков од 30 голови.

Трет е Владимир Бесчасник (26), четврти е Роман Павлюченко со 21.

Џјуба има 36 години и за репрезентацијата игра од 2011 година. Моментално е член на тимот Акрон Толјати, а најуспешниот дел од кариерата го помина во Зенит од 2015 до 2022 година.

За овој рекорд, 197 сантиметри високиот напаѓач подготви и специјална маица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус. Притисокот врз нас е огромен, имаме најмногу титули

Ѕвездата на Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил, Винисиус Жуниор, со голем оптимизам …