Дома Трансфер зона Влаховиќ само што потпиша за Јувентус може да биде казнет

Влаховиќ само што потпиша за Јувентус може да биде казнет

Душан Влаховиќ како подарок за својот 22. роденден потпиша договор со Јувентус.

Српскиот голгетер за сума од 70 милиони кои ќе бидат исплатени во наредните три години потпиша за Јувентус. Дефинитивно Влаховиќ е еден од најголемите трансфери направени во јануарскиот преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа според информациите од Италија Влаховиќ би можел да биде казнет затоа што не му поминала изолацијата поради коронавирусот.

„Сите кои имаат примено три вакцини помеѓу позитивниот и негативниот тест мора да чекаат седум дена. Такви се правилата. Ако ја напуштат изолацијата порано ќе бидат казнети. Акцијата која ја преземавме беше задолжителна, ги преземаме сите мерки“, изјавија од кризниот штаб на Тоскана.

Влахоивиќ е пријавен затоа што наводно не добил дозвола да патува во Торино на лекарските прегледи и потписот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…