Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Јокиќ е чудо, го одигра натпреварот на кариерата – вакво нешто успеало само на една НБА легенда!

ВИДЕО: Јокиќ е чудо, го одигра натпреварот на кариерата – вакво нешто успеало само на една НБА легенда!

jokic

Во сенка на дебито на Леброн Џејмс пред домашната публика во Лејкерси во кое видовме и тепачка помеѓу Рајон Рондо и Крис Пол (тука), Никола Јокиќ го одигра натпреварот на кариерата.

Неверојатниот центар на Денвер во победата против Феникс Санс стигна до првиот трипл-дабл во сезоната, но на ретко виден начин. Јокиќ постигна 35 поени, додаде 12 скокови и запиша 11 асистиенции и не изгуби ниту една топка. Но, она што е уште полудо е што Јокиќ ги погоди сите 11 шутеви, вклучувајќи и три тројки, а единственото промашување на натпреварот му беше едно од 11-те слободни фрлања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ваквиот учинок Јокиќ го сместува во друштво на најдобрите кошаркари во историјата. Само Вит Чемберлејен и изминатата ноќ Никола Јокиќ запишале трипл-дабл со повеќе од 30 поени и без ниту еден промашен шут.

https://youtu.be/7wlLn2hwP6g

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Познато НБА лигата ќе го добие признанието за МВП во сезоната

НБА доцна синоќа соопшти дека МВП наградата за регуларниот дел од сезоната ќе биде доделен…