Ливерпул и Манчестер Сити ја продолжија доминациајата во Премиер лигата и остварија нови победи, а Манчестер Јунајтед одигра само реми против Вулверхемптон.
Тимот на Мурињо после ова кола дополнително се оддалечи од врвот откако не успеа да ги победи „волците“ и одигра 1:1 на „Олд Трафорд“.
Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Во првото полувреме гостите неколку пати спорадично се заканија, но Де Геа го спаси Јунајтед, а потоа јазната стигна преку Фред после прекрасната асистенција на Погба.
Во второто полувреме Мутињо го шокираше „Олд Трафорд“ и израмни на 1:1, а до крајот „црвените ѓаволи“ не успеаа да стигнат до победа иако ја имаа доминацијата и Лукаку промаши една одлична шанса.
Манчестер Сити го демолираше Кардиф со 5:0 на гостувањето, а стрелци на головите беа Марез два, Агуеро, Силва и Гундоган.
Ливерпул се уште е со максимален ефект откако рутински го совлада Саутемптон со 4:0, а важна победа оствари и Лестер кој на домашен терен го совлада Хадерсфилд со 3:1.