Дома Топ вести Видео: „Украден“ гол на Меси, Родриго погоди за водство, Алба жестоко прослави против „своите“ – Без победник на „Местаља“

Видео: „Украден“ гол на Меси, Родриго погоди за водство, Алба жестоко прослави против „своите“ – Без победник на „Местаља“

Во рамките од 13 коло во шпанската Примера се одигра дербито на колото помеѓу Валенсија и Барселона.

Како и што се очекуваше ова беше натпревар со голема борба, но и натпревар кој ќе биде обележан со една скандалозна одлука на главниот судија Вилануева.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се играше 30 минута од натпреварот кога Лионел Меси шутираше, ударот не беше силен, но голманот на домаќините киксираше, па неочекувано топката заврши зад неговиот грб и ја мина гол линијата.

Фудбалерите на Барселона веќе тргнаа да го прослават погодокот, но сепак погодокот не беше признат. Токмву во таа ситуација, за Валенсија се отвори контра од која можеа да стигнат и до погодокот, но сепак ударот на Заза заврши покрај голот.

Валенсија до погодок стигна во 60 минута од средбата, Гаја продре по левата страна испрати топка до Родриго кој успеа да ја сместени топката зад грбот на Тер Шттеген.  Домаќините добро се бранеа, но сепак нивната одбрана попушти, а ја проби нивниот поранешен фудбалер Жорди Алба кој ги постави конечните 1:1.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пикси објави список од 35 фудбалери за Европското првенство

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси денеска го објави поширокиот список н…