Дома Фудбал Германија Веќе се знае кој ќе го наследи Анчелоти во Баерн!?

Веќе се знае кој ќе го наследи Анчелоти во Баерн!?

Спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник тврди дека го знае името на тренерот кој ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рангник тврди дека тоа ќе биде актуелниот тренер на Хофенхајм, Јулијан Негелсман, човекот кој со само 29 години прави чуда на клупата на бундеслигашот.

„Млад е, има харизма и е вистински професионалец. Знае се за фудбалот и се надевам дека токму тој ќе биде наследник на Анчелоти во Баерн“, изјави Рангник кој моментално е спортски директор во Лајпциг.

Токму Лајпциг викендов ќе се обиде да му го нанесе првиот овосезонски пораз на Негелсман и на неговиот Хофенхајм.

Негелсман минатата година стана најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата. Го превзеде кормилото на Хофенхајм со само 28 години и откако минатата сезона осигура опстанок, оваа сезона прави чуда и сеуште е без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …