Иако сезоната е во тек, и Вардар е лидер во својата група во првиот дел од сезоната, клубот веќе работи на засилувања за следната сезона. “Црвено-црните” планира да има тим составен од повеќе македонски репрезентативци и квалитетни странски засилувања со кои ќе може да биде конкурентен на меѓународна сцена.
Првите две засилувања за „црвено-црните” кои потпишаа на две сезони со можност за продолжување се стандарниот репрезентативец Томислав Јагуриновски, и Михаил Аларов кој е на поширокиот список на репрезентацијата. Со тоа се зголемува бројот на македонски репрезентативци, а плановите на клубот околу засилувањата на застануваат тука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај понудите од други клубови, двајцата ракометари решија да му се приклучат на Вардар кој е препознатлив спортски бренд во светот, свесни за големината на најдобриот македонски клуб.
Јауриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потенува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар. Игра на позиција на десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило. Леворакиот играч веќе е стандарден дел од репрезентацијата на Македонија и со своите игри покажува дека е зрел играч.
Михаил Аларов доаѓа од екипата на Пролет и важи за еден од перспективните пивотмени во првенството. Неколку сезони игра стандардно и заслужува да биде дел од најдобрите. Се наоѓа на поширокиот список за репрезентацијата на Македонија и сериозно се наметнува за во иднина. Тој ќе биде колега на Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски и Стојанче Стоилов со што сигурно Вардар ќе ја има најквалитетните пивотменска позиција во првенството.