Македонскиот фудбалски шампион екипата на Вардар го претстави рускиот напаѓач, Масим Максимов како големо засилување за новата сезона во која Вардар ќе настапува и во групната фаза од Лигата на Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, потоа се појавија и проблеми. Поранешниот клуб на Максимов, Траки правеше проблеми, па клубот управата на Вардар не успеа да го пријави Максимов за во Лигата на Европа.
Ова е навистина голема штета за македонскиот шампион кој ќе биде значително ослабен против реномираните европски противници. Да потсетиме, Максимов беше најдобар стрелец во квалификациите за Лигата на Европа.
Покрај Максимов за настап во Лигата на Европа, Вардар не ги пријави Горан Попов и искусниот чувар на мрежата Томе Пачовски.