Дома Фудбал Милан блесна во Салцбург: Сисе со хет-трик за прва победа во Лига Европа

Милан блесна во Салцбург: Сисе со хет-трик за прва победа во Лига Европа

Милан стигна до првиот триумф во новата сезона од Лига Европа, и тоа на убедлив начин на гостински терен. Италијанскиот тим во второто коло славеше против Салцбург со 4-0 и така се врати по поразот од Бенфика со 0-2 во првото коло на „Сан Сиро“.

Најзаслужен за високата победа беше 19-годишниот играч од средниот ред Сисе, кој одигра натпревар за паметење и постигна хет-трик. Тој мрежата ја тресеше во 15., 32. и 49. минута, со што практично сам го реши победникот уште на стартот од второто полувреме.

Конечните 4-0 ги постави Рамос во 72. минута, па Милан со убедлива партија покажа реакција по лошиот почеток во европското натпреварување.

Вечерта во Лига Европа донесе уште неколку ефикасни натпревари. Баер Леверкузен со ист резултат 4-0 го совлада Лех Познањ. Патрик Шик беше двоен стрелец и двата гола ги постигна од пенал, во 29. и 41. минута, додека меѓу стрелците се запишаа и Малик Тилман во 32. и Ибрахим Маза во 88. минута.

Лион, пак, во натпревар со пет гола го победи Кристал Палас со 3-2. За францускиот состав погодуваа Корентин Толисо во 8. минута, Ернест Нуама во судиското продолжение од првиот дел и Павел Шулц во 76. минута. За Кристал Палас стрелци беа Џереми Пино во 50. и Даичи Камада во 81. минута.

Во останатите средби, АЗ Алкмар беше подобар од Хапоел Бер Шева со 2-1, додека Омонија Никозија на гостински терен славеше против Целје со 3-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо Назарио во разговори со Индија: фокусот е на развој на фудбалот

Легендарниот Бразилец во Њу Делхи разговарал со индискиот министер за спорт за ширење на ф…