Дома Останати Тенис Германската тенисерка Ева Лис ја прекина сезоната: откри дека се бори со хронична автоимуна болест

Германската тенисерка Ева Лис ја прекина сезоната: откри дека се бори со хронична автоимуна болест

Германската тенисерка Ева Лис објави дека нема повеќе да настапува до крајот на сезоната, со цел целосно да се посвети на своето физичко и ментално здравје.

Во моментов Лис се наоѓа на 137. место на ВТА листата, а нејзин најдобар пласман во кариерата бил 39. позиција. Сезоната ја затвори со предавање на мечот против Синран Сун на турнирот во Пекинг.

Тенисерката откри дека има спондилоартритис, хронично воспалително автоимуно заболување кое може да предизвика болки во грбот и вкочанетост на зглобовите.

„Ова беше една од најтешките години во мојот живот, и на теренот и надвор од него. Во сезоната влегов со големи очекувања, амбициозни цели и многу ентузијазам“, порача Лис.

Таа нагласи дека со здравствените проблеми се соочува повеќе од шест години и дека во меѓувреме е донесена одлука да се промени терапијата.

„Сето тоа е фрустрирачко, исцрпувачко и понекогаш навистина тешко да се прифати, особено кога толку напорно работите за да стигнете до целта, а телото и умот не ве следат. Мојата борба со артритисот оваа година беше особено тешка. По повеќе од шест години решивме да ја смениме терапијата. Ќе биде потребно време да се навикнам, но верувам дека тоа е чекор во вистинска насока“, истакна германската тенисерка.

Лис им се заблагодари на сите кои ѝ давале поддршка и порача дека сега приоритет ќе ѝ биде закрепнувањето. Нејзината цел е повторно да се врати на терените во 2027 година.

„Никогаш не знаете низ што минува некој зад затворени врати. На сите што беа покрај мене и продолжија да веруваат во мене низ сите подеми и падови, ви благодарам. Не можете да замислите колку ми значи тоа. Ќе си дадам онолку време колку што ми е потребно за да се опоравам. Веќе со нетрпение ја чекам 2027 година. Ќе се вратам. Ве сакам сите“, додаде Лис.

Во изминатиот период Лис често привлекуваше внимание и надвор од теренот, а минатата година беше забележана и со појавувањето на Октоберфест, каде позираше во традиционална баварска носија со литарска кригла пиво во раката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нов ранен крај за Кецмановиќ: Дакворт го сопре уште на стартот во Алмати

Миомир Кецмановиќ продолжува со слабата серија, откако беше елиминиран уште во првото коло…