Дома Фудбал Германија Борусија Менхенгладбах го отпушти тренерот

Борусија Менхенгладбах го отпушти тренерот

Борусија Менхенгладбај го отпушти австрискиот тренер Адолф Хитер после завршувањето на сезоната во Бундеслигата.

Тимот на Хитер во вчерашното последно коло од германскиот шампионат убедливо со 5:1 го совлада Хофенхајм, но тоа не го спречи германскиот бундеслигаш да му даде отказ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Причината за разделбата со Хитер се лошите резултати во оваа сезона. Од екипата се очекуваше многу повеќе пред почетокот на сезоната, тимот констатно беше во долниот дел од табелата во Бундеслигата и далеку од местата кои водат во Европа што беше примарната цел.

Сега клубот ќе биде во потрага по нов стратег, а засега не се познати потенцијалните кандидати за наследник на Хитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Лајпциг ги поставил условите: Еве што треба да исполни Наполи за да го добие Елмас

Наполи веќе ја достави својата официјална понуда до Лајпциг за ангажман на македонскиот ре…