Јувентус не запира со активностите на трансфер пазарот откако вчера потпиша договор со Душан Влаховиќ.
Според последните информации на едни од најпознатите италијански новинари Џанлука Ди Марцио и Ромео Агрести, Јувентус испратил официјална понуда за Закарија од Борусија Менхгладбах.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ди Марцио наведува дека понудата изнесувала пет милиони евра плус два преку бонуси, додека германскиот тим бара 7-8 милиони евра, разликата не е голема и се очекува договорот да биде постигнат.
Со евентуалното доаѓање на Закарија се зголемуваат шансите Родриго Бентакур да заврши во Астон Вила. Премиерлигашот покажа голем интерес за Уругваецот и очекува да пристигне и понудата.
Дефанзивниот играч за врска во Германија пристигна во 2017 година и собра 146 настапи во сите натпреварувања, сезонава беше стрелец и на два гола.