Дома Фудбал Италија Бонучи: Торино и Јувентус се мојот дом

Бонучи: Торино и Јувентус се мојот дом

Леонардо Бонучи вчера и официјално се врати во Јувентус после една година поминато во дресот на Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот штопер ги помина медицинските прегледи и со Старата дама потпиша петгодишен договор.

Така се реализира размената помеѓу Јуве и Милан во која во правец на Сан Сиро замина 24-годишниот штопер Калдара.

„Беше тешко да се замисли дека ова ќе се случи, но добро е што се случи. Возбуден сум. Торино е мојот дом, Јувентус е мојот дом, среќен сум што се вратив.“ – изјави Бонучи по потпишувањето на договорот.

Инаки, Бонучи го носеше дресот на Јувентус од 2010. година до претходното лето кога направи шокантен трансфер во Милан. Сепак, сега 31-годишниот штопер повторно се врати во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Турција веднаш по натпреварот со Македонија го објави списокот за Мундијалот!

Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, ден по убедливата побед…