Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу призна дека Чави сигурно ќе биде тренер на каталонскиот клуб во блиска иднина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во моментов на кормилото седи Кике Сетиен, но медиумите се сигурни дека на крајот на сезоната ќе има тренерска смена на „Камп Ноу“.
„Порано или подоцна Чави ќе биде тренер на Барселона. Меѓутоа, сега не бараме нов тренер, бидејќи го имаме Сетиен. Имавме една нетипична сезона, ќе играме во август и Сетиен ќе го води тимот. Ако го победиме Наполи ќе одиме во Лисабон на финалниот турнир од Лигата на шампиони“, изјави Бартомеу.
40-годишниот Чави неодамна го продолжи договорот со катарскиот клуб, но изјави дека е спремен да го преземе кормилото на Барселона.