Барселона и Манчестер Сити конечно постигнаа договор за трансфер на младиот дефанзивец Ерик Гарсија, пренесуваат шпанските медиуми.
Ерик Гарсија е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците сакаат да го вратат и веќе подолго време водеа преговори со Манчестер Сити, а сега двете страни конечно постигнаа договор.
Дефанзивецот одби да го продолжи договорот со Сити, па „граѓаните“ беа приморани да го продадат, а за неговата слобода бараа 18 милиони евра.
Барселона се согласи да ја плати таа сума, па играчот во следните денови ќе го комплетира трансферот на „Камп Ноу“.