Барселона на крајот успеа да ги реши проблемите со регистрирањето на новите засилувања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Се најавуваше дека Мемфис Депај и Ерик Гарсија може да не бидат во протоколот, но медиумите блиску до Барселона денес објавија дека Барселона успеала да ги реши проблемите. Најдоцна до утре двајцата новајлии ќе бидат регистрирани.
Серхио Агуеро нема сега да биде регистриран, но само затоа што е повреден. Барселона ситуацијата со него ќе ја реши до крајот на август. Очекувањата се дека во тој период ќе го намалат буџетот за плати.
Во првото коло од Ла Лига Барселона во недела во 20:00 часот ќе игра со Реал Сосиедад.