Европскиот шампион Италија ќе ја пречека Македонија во Палермо на 24. март од 20:45 часот во полуфиналето од плејофот за пласманот во Катар на Светското првенство.
Фудбалерот на Интер, Николо Барела е самоуверен пред овој натпревар и порача дека другите репрезентации треба да се плашат од нив затоа што се европски шампиони. Ќе потсетиме во нашата група во второто полуфинале играат Португалија и Турција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние сме европски шампиони и другите треба да се плашат од нас, не ние од нив. Во изминатите натпревари немавме среќа, топката не сакаше да влезе во голот и сега сме тука каде што сме, мораме преку плејоф да се бориме за пласман во Катар. Јас сум убеден дека Италија ќе игра на СП“, изјави Барела.