Дома Фудбал Германија Баерн ми одговори на Коста: Не си социјален случај па да ти дадеме поголема плата!

Баерн ми одговори на Коста: Не си социјален случај па да ти дадеме поголема плата!

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес оштро го критикуваше Даглас Коста откако бразилскиот фудбалер изјави дека следното лето може да го напушти клубот и дека не е среќен во Минхен.

Коста минатата недела за „Билд“ изјави дека не е задоволен со статусот во клубот и дека веќе направил контакти со други клубови, но Хенес јасно му порача „Не финкционира тоа така во Баерн“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тоа беше очајнички обид на Коста да издејствува поголема плата. Тоа така не функционира кај нас. Може да се обиде уште десет пати на ваков начин, но нема да му вреди ништо. Сигурно не е социјален случај па да му дадеме поголема плата“, изјави Ули Хенес.

Од друга страна тренерот Карло Анчелоти повика да се смират страстите.

„Не го читав споменатото интервју, но разговарав со Коста лице во лице и имам впечаток дека е задоволен овде. Мислам дека сето ова е масло на менаџерот кој сака да направи притисок“, заклучи Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…