Дома Трансфер зона Баерн го промовираше новиот десен бек

Баерн го промовираше новиот десен бек

Баерн Минхен го промовираше новото зимско засилување кое доаѓа од Галатасарај, станува збор за 23-годишниот француски фудбалер Саша Бое.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Десниот бек доаѓа од таборот на Галатасарај за обештетување од 30 милиони евра, плус 5 милиони во бонуси.

Французинот, кој има 23 години, потпиша договор до јуни 2028 година. Бое играше во дресот на турскиот гигант од летото 2021 година, а во својата татковина беше дел од Дижон и Рен.

Клубовите исто така договорија и два пријателски натпревари од кои 50 отсто од приходот ќе оди за Галатасарај.

Бое беше план Ц за Баварците откако претходно не успеаа да ги комплетираат трансферите на Трипие од Њукасл и Мукиеле од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…