Летото 2021 година беше специфично по трансферите на двајцата најголеми фудбалери на 21. век Кристиано Роналдо и Лионел Меси.
Роналдо од Јувентус премина во Манчестер Јунајтед, односно се врати во клубот во кој играше до 2009 година кога направи трансфер во Реал Мадрид. Од друга страна како последица на лошата финансиска состојба во Барселона Лионел Меси беше приморан да си замине, а за негова следна дестинација го избра ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот француски фудбалер Николас Анелка тие два потези ги оцени како погрешни.
„Нивните кариери се завршени и мислам дека двајцата мораат да бидат задоволни со тоа што го постигнаа во последните 15 години. Беа над останатите и сега нормално е да дојде пад во нивната игра. Повеќе ме изненади Меси отколку Роналдо, мислев дека Меси ќе се прошета во Франција, а очекував Роналдо да има потешкотии во Англија. За мене Премиер лигата е најтешкото првенство во светот“.
„Двајцата трабеше да направат попаметни избори .Тоа се случува со играчите кои сакаат да играат подолго. Не беа паметни затоа сега се критикувани. Има играчи кои завршуваат со играњето фудбал на 32-33 години за да не бидат критикувани. Јас престанав на 36, но на 32 заминав во Кина“, изјави Анелка.
Анелка во својата кариера промени голем број тимови и држави. Кариерата ја започна во ПСЖ и играше уште за: Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити, Фенербахче, Болтон, Челзи, Шеннхуу, Јувентус, ВБА и Мумбаи Сити.