Дома Фудбал Останато Анелка до Мбапе: Ако сакаш да бидеш најдобар, мора да играш против најдобрите

Анелка до Мбапе: Ако сакаш да бидеш најдобар, мора да играш против најдобрите

Поранешниот напаѓач на низа големи европски клубови Николас Анелка го советуваше Килијан Мбапе како да стане најдобар во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Анелка се вклучи во советувањето на Мбапе кога во прашање е неговата кариера низ колумната за „Атлетик“ и му порача.

„Сакаш најголеми пофалби, во еден момент ќе мора да го напуштиш ПСЖ. Ќе биде добро се што ќе направиш во Париз, но секогаш некој ќе каже: Да, беше добар во ПСЖ, но само во Франција. Најдобри првенства се Англија и Шпанија, а ти не играше против најдобрите“.

„Имаш две можности. Останување во Париз или одење во Реал Мадрид. Одлуката е на тебе. Ја сакаш „Златната топка“ и по таа награда треба да тргне после Роналдо и Меси, мораш да се натпреваруваш со најдобрите.

Француската лига не е слаба, не сакам да бидам погрешно сфатен, но мислам дека англиската е најсилна“, гласи пораката на Анелка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…