Дома Фудбал Aнелка: Меси во ПСЖ треба да работи за Мбапе

Aнелка: Меси во ПСЖ треба да работи за Мбапе

Oиве денови во медиумите се пишуваше за наводен проблем во Париз помеѓу првото трио, а поранешниот фудбалер, Николас Анелка смета дека улогата на прва ѕвезда треба да ја има Мбапе.

Анелка смета дека Мбапе треба да биде првата ѕвезда, а Меси да работи за него.

„Мбапе треба да биде број еден во нападот. Меси ја имаше таа позиција во Барселона, меѓутоа сега треба да работи за Килијан. Мбапе е пет години во ПСЖ и Меси тоа мора да го почитува. Освен тоа, никој не може да се споредува со него во брзината, број еден е во светот“, изјави Анелка за француските медиуми.

Ќе потсетиме, денес ПСЖ во Лигата на шампионите ќе се сретне со Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани влегува во игра за врвот на ФИГЦ, Малаго брои 13 сојузници

Дел од клубовите во Серија А го разгледуваат Адријано Галијани како кандидат за прв човек …