
Новак Ѓоковиќ(38), еден од најдобрите тенисери на сите времиња и моментално трет на светската ранг-листа, беше елиминиран во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Него го победи Џек Дрејпер, кој е 14 години помлад и на 14. место на ранг-листата. Дрејпер кој е бранител на титулата на турнирот во калифорниската пустина која се смета за “петти Гренд Слем” поради својата важност, со триумф од 4:6, 6:4, 7:6.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ одигра три сета три коло по ред, што го умори ветеранот. Во последниот сет против Дрејпер скоро престана да трча и скокнува при сервирање откако неверојатниот поен во првиот гем на третиот сет го исцрпе. Ѓоковиќ со брзина како во најдобрите години излета на теренот. Тие двајца разменија 26 удари од секаков вид. И двајцата се бранеа и напаѓаа, демонстрирајќи ги сите свои вештини и трикови.
Дрејпер неколкупати ја скратуваше топката, но Ѓоковиќ секогаш стигнуваше на време, а на крајот мрежата му помогна да добие гем-поен. Ѓоковиќ остана да лежи на теренот додека публиката во Индијан Велс го наградуваше со бурни аплаузи..
NOVAK DJOKOVIC TIENE 38 AÑOS.
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) March 12, 2026
NOVAK DJOKOVIC TIENE 38 AÑOS.
NOVAK DJOKOVIC TIENE 38 AÑOS.
🐐 LA CABRA ABSOLUTA.pic.twitter.com/xiIaPLM2ey