Дома Фудбал Тоти се враќа во Рома! Еве каква улога ќе има легендата на „Волчицата“

Тоти се враќа во Рома! Еве каква улога ќе има легендата на „Волчицата“

Франческо Тоти, иконата на Рома, е на прагот да се врати во клубот каде што го остави својот белег и стана светлина за многумина, скоро шест години по неговото заминување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми, разговорите помеѓу некогашниот капитен и раководството на клубот интензивно продолжуваат, а официјално соопштение би можело да се очекува пред крајот на март.

Легендата на Рим нема да се врати на позиција на технички директор, туку ќе прима советодавна позиција во управата, слична на онаа која ја има Златан Ибрахимовиќ во Милан.

Во новиот систем, Тоти ќе биде мост помеѓу управата на клубот, техничкиот персонал и академијата на Рома, вклучувајќи и учество во спортската стратегија и промоција на имиџот на клубот на интернационално ниво. Дополнително, неговиот договор ќе биде компониран слично на договорот на Клаудио Раниери, со цел да се избегнат конфликтни ситуации помеѓу личните спонзори на Тоти и оние на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ откри за кој фудбалер би платил и најскапа карта да го гледа на Мундијалот

Златан Ибрахимовиќ го истакна Ламин Јамал, како играч кој со нетрпение сака да го гледа на…