Дома Фудбал Клоп ги одби Ливерпул и Реал Мадрид, и тоа сè поради работа од соништата

Клоп ги одби Ливерпул и Реал Мадрид, и тоа сè поради работа од соништата

Изненадувачки вести пристигнуваат од Германија и се однесуваат на одличниот тренер Јирген Клоп.

Интересно е што не само Клоп ќе биде среќен заради новата работа, туку и тие во Манчестер Јунајтед ќе бидат среќни, иако тој не ги презема нив.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Клоп и неговиот тим сè уште се во Ред Бул, но како што стојат работите, само е прашање на време кога ќе ја напушти својата улога во оваа организација.

Во последно време многу се зборуваше дека Реал Мадрид е заинтересиран за Клоп, но очигледно ништо нема да се случи од тој ангажман.

Многумина се надеваат дека Клоп ќе донесе одлука да се врати на „Енфилд“ и да го преземе тимот на Ливерпул со кои направи големи успеси.

Сепак, Англичаните тврдат дека ни од тоа нема да има ништо и дека тоа е лична одлука на Клоп.

Германски „БИЛД“ тврди дека Клоп одлучил да ја одбие и понудата од Реал Мадрид, но и понудата на Ливерпул за враќање на „Енфилд“.

Наместо тоа, Клоп е подготвен од лето да ја преземе работата од своите соништа.

Се работи за тоа дека Клоп треба да стане новиот селектор на Германија од лето, а тоа е она што го сонуваше изминатите години.

Сите сега се прашувате каква врска има ова со славењето во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диоманде од 100.000.000? 

Деветнаесетгодишниот крилен фудбалер на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, би можел да биде една од…