Селекторот Игор Ангеловски денес заедно со капитенот Горан Пандев одржа прес конференција пред утрешниот натпревар против Полска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ангеловски иако ќе се соочиме со еден квалитетен противник најави напаѓачка игра.
„Среќен сум како човек и како тренер што работам со ваква генерација, атмосферата е одлична и на терен ќе излеземе со намера да за позитивен резултат како и секогаш. Тоа што играме против една силна репрезентација ни дава поголема мотивација“, изјави Ангеловски.
Потоа доби и прашање за Левандовски.
„Секако станува збор за еден фантастичен напаѓач, но Полска не е само Левандовски тоа еден одличен колектив и ние ќе им се спротиставиме со колективна игра. Како и во претходните натпревари ќе се обидеме со квалитетна игра да стигнеме до позитвен резултат“, порача Ангеловски.
Натпреварот помеѓу Македонија и Полска се игра утре со почеток во 20:45 часот.