Дома Фудбал Англија „Алиоски е важен за тимот, се надевам дека ќе остане со нас“

„Алиоски е важен за тимот, се надевам дека ќе остане со нас“

Стјуарт Далас кој беше прогласен најдобар играч на Лидс оваа сезона се надева дека македонскиот репрезентативец ќе му остане соиграч и во наредната сезона.

Далас за најдобар во сезоната го избраа соиграчите, а ја освои и наградата за гол на сезоната тоа е голот кој го постигна во последните моменти од натпреварот против Манчестер Сити после асистенцијата на Алиоски (2:1).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не знам што ќе одлучи Џани, но јас се надевам дека ќе игра со нас и следната сезона. Тој е важен дел од нашиот проект. Сите што сме во тимот одигравме важна улога во тоа што го направи Лидс во изминатите години“, изјави Далас.

Во редовите на Лидс Алиоски дојде во 2017 година, сезонава му завршува договорот и засега нема најави од клубот дека тој ќе биде продолжен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…