Дома Останати Кошарка Во вакво издание досега не сте го виделе: Дончиќ ги шокираше сите во Далас – работеше како касиер! (Видео)

Во вакво издание досега не сте го виделе: Дончиќ ги шокираше сите во Далас – работеше како касиер! (Видео)

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ пред две ноќи за прв пат гостуваше во Далас, каде што со Лос Анџелес Лејкерс играше натпревар против Маверикс и ги разби со својата фантастична игра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лејкерсите славеа со 112:97, а Дончиќ постигна 45 поени, собра осум скокови, подели шест асистенции и имаше дури четири украдени топки. Од игра шутираше 16/28, а погоди седум тројки од десет обиди.

Во салата можеше да се види како Дончиќ плаче поради емотивниот дочек што му беше приреден, а тој по натпреварот ги воодушеви сите во Далас бидејќи се појави во една спортска продавница.

Станува збор за продавницата Дикс, каде што Словенецот ги изненади навивачите бидејќи се појави во улога на касиер, издавајќи сметки на навивачите и наплатувајќи производи на оваа компанија.

Покрај тоа, Дончиќ потпишуваше на патиките и другите производи што навивачите ги купуваа во продавницата и се фотографираше со нив.

Инаку, Лејкерси веќе обезбедија директен пласман во плеј-офот на НБА лигата бидејќи моментално се трети на табелата на Западната конференција со скор од 49 победи и 31 пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Манчестер Сити бара замена за Силва – испрати понуда од 120 милиони евра, но доби „корпа“

Манчестер Сити го пребарува фудбалскиот пазар за играчи од средината. Португалскиот репрез…