Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри смета дека јануарискиот преоден рок нема да ги реши проблемите на „старата дама“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Бјанконерите“ лошо ја почнаа сезоната, моментално се на 7-то место на табелата, а медиумите шпекулираат дека Јувентус сака значително да се засили во зимскиот преоден рок.




„Работевме добро оваа недела. Дибала, Киеза и Данило добро закрепнуваат, но нема да бидат спремни за утре против Болоња. Жалам што немаме толку бодови колку што засилувжуваме. Невозможно е да освоиме само два бода против Удинезе, Сасуоло, Емполи и Венеција“, истакна Алегри.




„Сега нема смисла да зборуваме за трансфери, бидејќи сметам дека јануарскиот преоден рок нема да ги реши нашите проблеми. Не очекуваат важни натпревари, јануари и февруари се најважни месеци“, додаде Алегри.