Дома Фудбал Италија Ако Ибра замине, Милан има замена?

Ако Ибра замине, Милан има замена?

Медиумите во Италија објавија дека Милик би можел да го засили Милан по крајот на сезоната.

Полскиот напаѓач од летото 2016. година е играч на Наполи, но се поизвесно е дека оваа сезона ќе биде последна за него на Сан Паоло.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милик со раководството на Наполи не успеа да се договори околку продолжување на соработката и одлучен е во намерата да ја промени средината, а следната дестинација би можела да биде – Милан.

Така барем пренесуваат италијанските медиуми, според кои челниците на клубот од Сан Сиро го таргетирале Милик како опција број еден во случај Ибрахимовиќ да го напушти клубот.

„Росонерите се спремни да му ветат на Милик место во првите 11 за да го убедат да дојде.“ – се наведува помеѓу останатото.

Од друга страна, Италијанците се убедени дека Ибра скоро сигурно ќе ги спакува куферите. Останува да видиме што ќе се случува во текот на летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…