Бисерот на Челси, Кол Палмер, е еден од најдобрите играчи во светот во моментов – и може да направи голем трансфер во оваа фазa од неговата кариера.
Ѕвездата на Челси, Кол Палмер, се поврзува со заминувањето од „Стемфорд Бриџ“, по неговата извонредна партија за време на викендот против Тотенхем.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Шпанскиот медиум „Fichajes“ сега тврди дека Реал Мадрид го следи Палмер, но и дека самиот фудбалер е „заинтересиран“ за преселба во шпанскито гигант.
„Иднината на играчот ќе зависи од подготвеноста на Челси да ги слушне понудите и плановите на Реал Мадрид за реализација на трансферот кој делува дека ќе биде сложен,“ тврди медиумот.
Палмер неодамна потпиша деветгодишен договор со Челси, што потврдува дека реализација на ваков трансфер би било сложено. Сигурно ќе биде потребен нов светски трансфер-рекорд за да се потпише договор со англискиот репрезентативец.