Дома Трансфер зона Во Реал нема место, за него се „тепаат“ Интер и Милан

Во Реал нема место, за него се „тепаат“ Интер и Милан

Реал Мадрид има вистински „бисер“ за кого се заинтересирани многу европски гиганти.

Станува збор за 20-годишниот Нико Паз, кој минатата година дебитираше за Реал Мадрид во Лигата на шампиони и веднаш постигна гол на дебито.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Оваа сезона Аргентинецот игра на позајмица во Комо, каде покажа дека е еден од најголемите таленти во моментов. Интер и Милан се силно заинтересирани за него и веќе ја почнаа битката за потписот.

Реал не сака да се откаже од него, но јасно е дека за Нико Паз нема да има многу простор кај „кралевите“ кога ќе се врати следното лето.

Аргентинецот ужива во играњето во Серија А и медиумите тврдат дека сака да остане во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи испрати понуда за Гарначо

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо изразил желба до раководството н…