Дома Фудбал Винисиус сака договор како никој друг претходно – најголем во историјата на Реал Мадрид!

Винисиус сака договор како никој друг претходно – најголем во историјата на Реал Мадрид!

Винисиус Жуниор преговара со Реал Мадрид за продолжување на договорот, кој засега трае до 2027 година. Шпанските медиуми пишуваа дека Бразилецот е близу до договор со клубот, но порталот The Athletic пишува дека агентот на Винисиус тврди дека не се ни блиску. Наводно бараат најголем договор во историјата на клубот и годишна плата поголема од 30 милиони евра. Најблиску до тоа некогаш заработуваше Кристијано Роналдо, додека играше во Мадрид.

Бразилскиот напаѓач дојде во Реал Мадрид во јули 2018 година од Фламенго. Оттогаш стана еден од клучните играчи на клубот, познат по својата извонредна брзина, дриблање и способност за постигнување важни голови. Во својата кариера во Мадрид, Винициус освои вкупно 14 трофеи.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Освои два пати Лига на Шампиони (2022 и 2024), три пати Ла Лига (2020, 2022 и 2024), и три пати Суперкуп на Шпанија (2020, 2022 и 2024). Исто така, го освои Купот на кралот во 2023 година, два пати ФИФА Суперкуп (2022 и 2024) и Светското клупско првенство (2018 и 2022).

Оваа сезона Винисиус Жуниор одигра 47 натпревари, постигна 20 голови и забележа 14 асистенции во сите натпревари. Во Ла Лига настапи 27 пати, постигна 11 голови и подели седум асистенции. Иако беше на високо место на Златната топка во 2024 година, го зазеде второто место, а истата година беше прогласен за најдобар играч на годината според ФИФА наградите “The Best”.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус сериозно заинтересиран за ѕвездата на Шахтјор

Јувентус го изразува сериозниот интерес за играчот на Шахтјор Донецк, Хеорхи Судаков. Суда…