
Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо беше главната ѕвезда на настанот Globe Soccer Awards, кој се одржа во хотелот Атлантис The Royal во Дубаи, а камерите забележаа каков метеж предизвика доаѓањето на неговото семејство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Членот на саудискиот Ал Наср ја доби наградата за најдобар играч на Блискиот Исток на церемонијата Globe Soccer Awards која заеднички ја организираат Европската асоцијација на фудбалски менаџери (EFAA) и Асоцијацијата на европски клубови (ECA).
Роналдо пристигна на церемонијата во придружба на неговото семејство, односно избраничката Георгина Родригез и синот Кристијано Јуниор.
Целото семејство Роналдо привлече големо внимание. Георгина за овој настан носеше тесна црна фустан која стигнуваше до подот. Имаше долги ракави кои беа изработени од проѕирна ткаенина за разлика од остатокот на ткаенината.