Дома Останати Кошарка ВИДЕО Дончиќ се изнапромашува во дебито, но Леброн ги однесе Лејкерс до победата

ВИДЕО Дончиќ се изнапромашува во дебито, но Леброн ги однесе Лејкерс до победата

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс откако во бомбастичен трејд пред неколку дена пристигна во калифорниската екипа од Далас Маверикс како замена за Ентони Дејвис. Лејкерс на домашен терен ја совладаа екипата на Јута Џез.

Лејкерс со шеста победа по ред го зазедоа петтото место на Западот со однос од 31 победи и 19 порази. И покрај убедливата победа, Дончиќ не остави впечаток во дебито. Имаше најлош учинок од сите стартери на Лејкерс со 14 поени, пет скокови и четири асистенции.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Словенецот на теренот помина 24 минути и беше многу непрецизен. Погоди 36 проценти од своите удари од поле (5/14), а од седум обиди за три поени погоди само еднаш. Дончиќ оваа сезона има просек од 28.1 поени, 7.8 асистенции и 8.3 скокови, што му е една од послабите сезони во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Проблеми за Денвер: Јокиќ е неизвесен за Голден Стејт?

Кошаркарите на Денвер Нагетс ќе започнат серија предизвикувачки гостувања во втората полов…