Дома Фудбал Ван Дајк со провокација до Евертон: Сите знаеме дека ова за нив беше како финале, судијата изгуби контрола

Ван Дајк со провокација до Евертон: Сите знаеме дека ова за нив беше како финале, судијата изгуби контрола

Драмата во 15. коло од Премиер лигата заврши со резултат 2:2 и тоа по исклучително возбудливата завршница која дополнително ја зачини тензијата што за малку не се претвори во сериозен физички судир меѓу играчите на двата тима.

Играчот на Евертон Абдулаје Дукуре со своето празнување на крајот од мечот по израмнувачкиот погодок во последните моменти ги испровоцира навивачите на Ливерпул, па по реакцијата на Куртис Џонс се случи сериозно кошкање.


Клучот на иднината! ↓↓↓


Интересен поглед на натпреварот имаше Вирџил ван Дајк кој ги „бодна“ градските ривали.

„Сите знаеме дека за нив ова беше како финал, направија сѐ за да нѐ победат. За нив ова е најважниот натпревар во сезоната. Го видовте и однесувањето на Дукуре кој сакаше да ги испровоцира нашите навивачи, а Куртис сметаше дека тоа не е во ред.

Знаеме што се случува кога има вакви кошкања, но мислам дека судијата не ја контролираше играта, што и му го кажав“, изјави Ван Дајк по натпреварот.

Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата со 57 бодови, додека Евертон е 15. со 27.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позната најголемата желба на Арсенал

Иако Нико Вилијамс ова лето беше примарна мета на Барселона, сепак поради финансиските про…